| четврток, 6 декември 2018 |

Морале да го спасуваат со гас-маски затоа што не бил бањат пет години

nemac-prljav-kupanje-gas-maske-pet-godina-vatrogasci-spasavanje-1415142488-587028

Германските пожарникари морале да носат гас-маски за време на акцијата за спасување на неименуваниот човек од градот Ниртинген, затоа што  пет години не бил бањат, а поради дебелината не се ни помрднувал од станот кој што бил преполн со отпадок.

Германецеот  бил тежок 158 килограми, а пожарникарите и екипата од Брзата помош ги повикале соседите кој што слушнале силно чукање од неговиот стан. Сфатиле дека нешто не е во ред, а се испоставило дека на човекот му се слошило. Кога стигнале спасувачите затекнале хаотична сцена, најпрво неможеле да ја отворат вратата од отпадокот од кој се блокрал влезот во станот, а потоа осетиле силен смрад.

Со оглед на тоа дека неможеле поради дебелината да го извадат од вратата, пожарникарите со кран го изнеле преку кровот од куќата.

Очевидците потоа изјавиле дека спасителите ја дезинфицирале својата облека.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top