| четврток, 6 декември 2018 |

Невидени поплави во Сао Пауло

130634_1

По обилни врнежи бразилскиот град Сао Пауло е под вода. Тоа е најголемата поплава во последниве 80 години. Главните улици во градот се под вода, а службите за итни интервенции едвај успеваат да излезат на крај со ситуацијата. Блокиран е сообраќајот и има огромен метеж во мултимилионски град. 14 милиони домаќинства се погодени од поплавите. Се очекува врнежите да продолжат до крајот на неделава.

Обилен дожд се истурил и над главниот град на Аргентина, Буенос Аирес. Улици се под вода. Повеќе од 5.000 жители се евакуирани од нивните домови. Нанесени се штети на голем дел од инфраструктурата на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top