| четврток, 6 декември 2018 |

Може и поинаку (видео)

По фотографиите кои се појавија на интернет од бабата која лежеше пред Градска болница, на која се гледа лого Може и поинаку, кампањата продолжи со видео записи.

Во кампањата до сега се појавија македонски виолинист Зоран Џорлев во улогата на уличен свирач, тој ги собра и симпатиите и бакшишот, потоа актерката Стојна Костовска, како продава цвеќиња на улица Македонија. Венко Андоновски досега ги пишуваше книгите, а сега истите сам ги продава на тезга. Актерот Сашо Тасевски на плоштадот, пред споменикот на Цар Самоил продава костени. Како и главниот и одговорен уредник на „Вест“, Горан Михајловски продаваше весници на улица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top