| четврток, 6 декември 2018 |

Баер славеше победа на гостувањето кај Зенит

Borussia Dortmund vs Bayer 04 Leverkusen

Во првиот натпревар од 4.коло на фудбалската Лига на шампиони германскиот тим Баер Леверкузен со 2:1 го победи руски Зенит.

На средбата одиграна попладнево во Санкт Петербург, а во рамките од Ц групата, Баер до победата стигна со двата гола на Кореанецот Хеунг Мин-Сон во 68-та и 73-минута.

Почесниот гол за домашниот тим го постигна Рондо Гомез во последната минута (90).

Во вториот натпревар од оваа група вечерва ќе играат Бенфика и Монако. Овој натпревар како и останатите шест кои се играат вечерва ќе започнат во терминот од 20 часот и 45 минути.

Двојките во другите три групи се: А група: Јувентус – Олимпијакос и Малме – Атлетико Мадрид. Б група: Базел – Лудогорец и Реал Мадрид – Ливерпул. Д група: Арсенал – Андерлехт и Борусија Дортмунд – Галатасарај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top