
Пред неколку илјади години Египќаните не само што имале природен лек за речиси сите болести кои ќе ги добиеле, со помош на мешање на лековити билки, зачини, храна и тн., туку исто така пронашле и начин како да направат домашен тест за бременост.
Техниката е многу едноставна. Ставаат зрна од пченица и јачмен во сад, жената уринирала во садот, го покрива со крпа садот и наредниот ден гледа што ќе се случи.
Ако зрното почнува да р`ти, значи дека жената е бремена, а ако не, тогаш не е бремена. Тие дури имале теорија, дека во зависност од тоа дали зрното повеќе р`ти, би можело да се каже за кој пол на детето се работи.
Истражувачите уште во 60-тите години од минатиот век потврдија дека овој тест е 70 отсто точен, односно не помалку од модерните тестови за бременост, особено оние поевтините. Што се однесува до полот на детето, не е пронајдена поврзаност.
Древниот тест на бременост работи на ист принцип како и модерниот, набљудување на хемиски промени кои се пристуни само кај жената која е бремена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


