Следеле неколку месеци раскошен живот, а Саунденс во тој период трошел огромни износи на приватни летови, коцкање, скапи ресторани и на проститутки.
– Се чувствував како рок-ѕвезда, но веројатно изгледав и како дебел Кање Вест. Но, и се чувствував како Кање Вест – зборува Саунденс кој вели дека сѐ започнало по едно излегување со пријатели. Требало да извади пари, но на сметката имал само три долари. Тој одлучил од кредитната картичка да префрли 200 долари на сметката.
– Пишуваше дека трансакцијата е поништена, но од банкоматот си заминав со 200 долари. Најпрво и тој не размислувал за техничкиот пропуст, но подоцна одлучил да си ја проба среќата и му успеало. Па продолжил додека не подигнал милион долари, а потоа поради грижа на совест, ѝ го пријавил пропустот на банката, но оттаму му рекле дека полициската истрага е во тек, за Саунденс бил издаден налог за негово апсење, но тој мистериозно исчезнал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.