На жените кога им се допаѓа некој, тогаш се спремни на се и сешто. Тоа подразбира и работи кои ги прават без разлика на годините (сакале они да си го признаат тоа или не). Дали сте и вие помеѓу нив?
Постојано се на Фејсбук/Инстаграм
Ги пратат неговите статуси и фотографии од прва до последна и така неколку пати.
Цел ден гледање во мобилниот телефон
Мобилниот телефон им е секогаш во раце, полначот во чанта и секој пат кога ќе заѕвони телефонот се надеваат дека е тој.
Планирање на иднина
Секако во својата глава. Но веќе се гледаш на патувањата со него, во прекрасна венчаница и минимум две деца.
Местата каде што тој излегува
Истите тие места сега се веќе твои места каде што излегуваш и тоа се во надеж дека вечерта ќе го сретнеш.
Постојано зборување за него
Повеќе не се ни сеќаваш кога последен пат си водела нормален разговор со пријателките, а разговорот да не се однесува за него.
Неговите пријатели
Можеби не ги познаваш лично, но имињата им ги знаеш.
Други жени
Секогаш погледнува кој му ја има „лајкнато“ сликата или статусот, а потоа го отвараш профилот на девојката и размислуваш дали имал нешто со неа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.