Во последниот натпревар од 10. коло во англиската Премиерлига, екипата на Сандерленд на гостувањето кај Кристал Палас дојде до втората победа оваа сезона и избега од зоната за испаѓање.
По двата пораза тимот на менаџерот Густаво Појет славеше со 3-1 и сега има 11 бодови и е на 15. место. Кристал Палас на последните четири дуели нема ниту една победа и се наоѓа на 17. место со девет бодови.
Стрелец на првиот гол беше Стивен Флечер во 31.минута. На 1:1 изедначи Вес Браун со автогол во 55. минута. Ново водство за Сандерленд донесе Жорди Гомез во 79. минута, а конечните 1:3 ги постави Флечер со својот втор гол на дуелот.
На другите натпревари од 10.коло беа постигнати следниве резултати: Астон Вила – Тотенхем 1:2, Манчестер Сити – Манчестер Јунајтед 1:0, Арсенал – Барнли 3:0, Челзи – КПР 2:1, Евертон – Свонси 0:0, Хал – Саутемптон 0:1, Лестер – ВБА 0:1, Стоук – Вест Хем 2:2 и Њукасл – Ливерпул 1:0.
Табела: Челзи 26 бодови, Саутемптон 22, Манчестер Сити 20, Арсенал 17, Вест Хем 17, Свонси 15, Ливерпул 14, Тотенхем 14…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


