| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се заострат критериумите за избор на наставник и директор во училиштата

20120401-sredni-ucilista-m

Ќе се заострат критериумите за избор на наставник и директор, откако Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култира (СОНК) иницираа изработка на две нови законски решенија
Првиот предлог-закон е за обука и испит на директор за основно, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење. Вториот предлог-закон е за стручен испит на наставник, стручен соработник и воспитувач во основно, средно училиште и ученички дом. 
– Овие реформи ќе придонесат за зголемување на квалитетот и за унапредување на воспитно-образовниот систем во земјата. Сега софтвер ќе ја бира темата за секој кандидат. Шифриран ќе биде неговиот податок, нема да се знае кој е кандидатот за да се избегнат влијанијата и ургенциите кај соодветната комисија, која е формирана за да го оцени квалитетот на стручниуот труд на кандидатот – изјави министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top