Македонската претставничка во музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, во четвртата епизода се најде во уште една сексапилна улога, овој пат како Кристина Агилера.
По завршувањето на нејзиниот настап таа доби позитивни коментари од жирито.
– Јас не сум некој голем обожавател на Кристина Агилера, но поради тебе ќе почне да ми се допаѓа – рече Тончи Хулич.
Марија Михајловиќ рече дека Елена изгледа фанатастично и дека одлично се снашла во улогата на Кристина, додека Ѓура искоментира дека Елена без проблем може околу себе да има слаби танчери, што не е случај со Агилера.
Погледнете го овде настапот на Елена Ристеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.