| четврток, 6 декември 2018 |

Путин им го прекина гасот на Србите: зимава ќе смрзнуваат доколку не платат 200 милиони долари

Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин пред почетоко на зимата да ја намали испораката на гас за третина доколку не се обврзат до март да го платат долгот од 200 милиони долари, го испровоцира инсистирањето на премиерот Александар Вучиќ на Нафтената индустрија Ниш да им се укинат повластувањата во работата.
Официјалното објаснување на Русите за овој потез е дека Србија не ја почитувала договорената динамика за плаќање на заостанатиот долг од 200 милиони долари, поради што со новиот протокол барале долгот да се исплати во потполност до крајот на март и тоа по 50 милиони долари месечно. Ова ја изненади Србија бидејќи на Русите до крајот на март требало да им уплатат 100 милиони долари со ислпата на 40 милиони долари до крајот на годината на име долг од деведесеттите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top