| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца скопјани нападнати од дваесет лица

Дваесеттина лица без повод и причина вчера, околу 03:00 часот, физички ги нападнале скопјаните Д.К.(20) и Д.К. во непосредна близина на Билната аптека во Скопје.

Како што информираат од МВР, едно од нападнатите лица се здобило со повреда од остар предмет во пределот на задникот и е задржано на лекување во Клинички центар-Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top