Алкохолните пијалоци би требало да имаат етикета со калориската содржина за да се редуцира дебелината, сметаат британските лекари.
Притоа предупредуваат дека голема чаша вино содржи и околу 200 калории, исто колку и една крофна!
Кралското друштво за јавно здравје смета дека повеќето луѓе и не се свесни за овој факт. Велика Британија е една од земјите со најголем процент дебели лица и се превземаат мерки за намалување на ваквите бројки, но пожелно за ова да постои свесност и во останатите земји во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



