| четврток, 6 декември 2018 |

11 тинејџери од Велешта добија кривични поради каменување вевчански автобус

Струшката полиција поднесе 11 кривични пријави на жители на струшко село Велешта, сите на возраст од 17 до 20 години, осомничени дека каменувале автобус на вевчанската компанија „Сприја“.

Групата, во која биле А.Х.(19), Ф.М.(20), Б.Ќ.(20), А.Ќ.(17), Ш.С.(18), В.Р.(18), Г.Т.(18), А.К.(18), Г.К.(18), Б.К.(18) и Ш.С.(18), на 4 март со камења нападна автобус што сообраќаше на релација Струга – Вевчани, при што беше повредена жена.

Полицијата утврди дека момчињата, мотивирани од насилствата во Скопје, се собрале во центарот на Велешта околу 20 часот и се договориле да го каменуваат автобусот.

Автобусот го сочекале кај месноста Суво Поле во непосредна близина на магистралниот пат Струга – Дебар, по што почнале да фрлаат со камења, бекатон плочки и со други тврди предмети. Веднаш потоа групата се разбегала низ селото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top