| четврток, 6 декември 2018 |

Над 500 ученици вклучени во проектот „Градиме мостови“

градиме мостови

Повеќе од 500 ученици од осумнаесет училишта во државата денеска ќе учествуваат на настанот „Градиме мостови“ што се реализира со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Учениците, кои се корисници на грантовите од фондот „Градиме мостови“, во Универзалната сала ќе се претстават со песни, театарски претстави и танцување.

Најавени се обраќања на министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Ралф Брет и швајцарскиот амбасадор Стефано Лазарото.

Фондот „Градиме мостови“ е заедничка иницијатива на Министерството за образование и наука, Швајцарската амбасада и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Фондот нуди грантови на училиштата, учениците и професорите за заеднички активности меѓу различните заедници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top