ЕВН Македонија ја организираше традиционалната средба на студенти кои беа дел од програмата на ЕВН за практикантска работа наменета за студентите од сите факултети низ републиката, „Ден на практиканти 2014“. Преку дружење и споделување на искуства меѓу студенти кои извршувале пракса во компанијата, нивните ментори, претставници на високите образовни институции и членовите на Управниот одбор на ЕВН Македонија, се истакна значењето кое го има програмата за компанијата за кариерниот развој на младите и образованието во земјава.
ЕВН Македонија ја продолжи поддршката за 9-те млади и амбициозни студенти од електротехничките насоки на ФЕИТ и Техничкиот факултет во Битола, кои ги исплонија условите за задржување на стипендијата. Својата успешна приказна ја заокружија и 5 стипендисти од првите генерации од програмата за стипендирање на ЕВН Македонија кои по завршувањето на студиите добија шанса да станат дел од компанијата.
– Вашето задоволство е мерило и повик за идните генерации кои чекаат на можностите кои ги нуди ЕВН Македонија – рече во обраќањето до студентите,Вернер Хенгст, претседател на УО на ЕВН Македонија.- Некои од вас ќе станат лидери, а некои експерти во својата област. Ви посакувам се’ најдобро и се надевам дека ќе се сретнеме повторно, како колеги во рамките на ЕВН- рече Хенгст.
Соработката во однос на практикантството мегу Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје и ЕВН Македонија трае веќе пет години.
– Откако почнавме со практиканството и стипендирањето, бројот на студенти се зголеми за три пати. Не само што се зголеми, туку веќе ги запишуваме и најдобрите студенти во енергетските насоки – рече Христина Спасовска, Продекан за настава на ФЕИТ.
Лидија Дамчевска од Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост изјави дека ЕВН е една од првите компании која ја отвори вратата за лица со попреченост да бидат дел од програмата за практикантска работа. Задоволство од поддршката на ЕВН и исполнување на планираните активности согласно со меморандумот за соработка. изрази д-р Јованка Тутеска, проректор за наука на битолскиот Универзитет Св. Климент Охридски.
За успешноста на програмата говори големиот број на студенти кои се пријавуваат за практикантска работа, но и фактот дека дел од нив веќе си го најдоа своето работно место во компанијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.