| четврток, 6 декември 2018 |

Борисов се закани дека ќе го врати мандатот

bojko borisovБугарскиот мандатар за состав на влада Бојко Борисов не е оптимист за исходот од преговорите за новиот владин кабинет. Лидерот на ГЕРБ објасни дека ако не се дојде до договор, може да го врати мандатот, со дообјаснување дека може да отстапи од позицијата за кабинет на малцинство само на ГЕРБ.

Изјавата е дадена ден откако преговарачките тимови конечно ја договорија формулата за формирање на влада . ГЕРБ и РБ најавија дека се подготвени за коалицирање и се согласни патриотскиот фронт да е дел од мнозинството без да учествува во него.

-Не сум оптимист за преговорите. Не ја исклучувам новата опција, но тоа ни е веќе кој.. десетти состанок? И секогаш се договараме преговарачкиот тим да се консултира. И следниот пат нема да можеме да донесеме одлука бидејќи повторно ќе се консултираме- објасни Борисов.

Тој на преговарачкиот тим дал рок до понеделникот, во порелаксирана атмосфера да се обидат да донесат одлука. Борисов објасни дека ќе се вклучи во преговорите, кога има што да потпише. Ако преговорите одат како што треба, во понеделник треба да се зборува за позиции во кабинетот. Во исто време стана јасно дека не исклучува неуспех на разговорите.

-Ако не дојде до договор, го враќаме мандатот во средата и одиме на избори- најави Борисов.

Околу опцијата за составување на влада само на ГЕРБ, вели „Ќе го разгледаме, пак ќе ги соберам лидерите”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top