| четврток, 6 декември 2018 |

И жените лесно се навлекуваат на порнофилмови

seks

Нема ништо лошо во повременото гледање порнофилмови, но претходните истражувања покажале дека 17 отсто од жените себеси се сметаат за зависници од ваквата содржина.

Исто така, германско истражување докажало дека честото уживање во филмовите за возрасни може да доведе до ситуација жените да станат хиперсексуални, скоро и опседнати со сексуални фантазии и во планирање на замилената „акција“ да ја спроведат на дело.

Порнографските содржини кои се достапни и барани, научниците ги прогласиле за „новиот кокаин“.

Во истражувањето била следена сексуалната зависност меѓу хетеросексуалните жени кои редовно уживаат во гледањето порнофилмови и учествувале 102 жени до 30- годишна воздраст. Половината од нив биле „навлечени“ на порнофилмови. Кај зависничките најческо има и проблематично сексуално однесување.

Заклучокот на истражувачите е дека жените, исто така, лесно може да се „навлечат“ на порнофилмови како и мажите, но и дека оваа зависност влијае на нивното однесување исто како и кај припадниците на спротивниот пол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top