Ова се најголемите заблуди.
„Скини џинс“ се за слаби луѓе
Овој модел визуелно ги издолжува нозете и ги импонира сите, но погрешно е да се верува дека се наменети само за слабите жени.
Жените со бујни облини треба да ги избегнуваат широките кроеви на фармерки кои ќе ги направат да изгледаат уште пошироко.
Ако имате облини, подобро ќе одговара темна боја на фармерките, а оние многу светлите сепак најдобро ќе им прилегаат на витките жени.
После секоe носење фармерките треба да се перат.
Вистина е дека фармерките после секое перење ќе бидат чисти, но исто така стануваат се послаби и побледи, иако џинсот е материјал кој е осмислен да трае и да биде издржлив.
За да им го продолжите векот, перете ги поретко и редовно проветрувајте ги. Секако, кога се нечисти и кога шират непријатен мирис, не ви преостанува ништо друго освен да ги ставите во машина за перење алишта.
Фармерките трапез одлично одговараат со балетанки.
Во целост погрешно!
Фармерките трапез одговараат со високи потпетици. Правило број еден е кога носите високи потпетици, фармерките треба лесно да го допираат подот.
Носењето фармерки или фармерки со широк крој со ниски обувки, визуелно ќе ви ги скуси нозете, што не изгледа убаво. Освен ако имате нозе како Тејлор Свифт.
Ако ве собераат, купете ги.
Внимавајте во изборот на фармерки. Тие се многу деликатно модно парче. Не ги купувајте само затоа што тој модел ви се допаѓа или само затоа што ве собира, туку ако ви стојат убаво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.