| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска стигнува новиот „Фејсбук“ – дознајте што ве очекува

Денеска стигнува новиот „Фејсбук“. Се очекуваат најголеми промени во оваа социјална мрежа во последните седум години. Дознајте што ве очекува:

Според најавите на најголемиот број светски веб-сајтови, вашиот профил ќе изгледа многу поедноставно и ќе биде прочистен, како „Гугл плус“, а ќе се овозможат и повеќе опции за прегледување на содржините. Хронолошки ќе ви бидат подредени „Сите пријатели“, „Следи“ и „Фотографии“, а направен е и алгоритам кој ќе ви ги понуди содржините од профилите на пријателите што најмногу ги посетувате.

Се најавува дека ќе има и поголем број колони за приказ на фотографии, за музика и за други содржини… Можно е да се појават и колони за вести, видеа, апликации.
Ќе има промени во врска со статусот и изгледот на фотографиите. Секој пост ќе добие повеќе простор, односно нема да ви се крати текстот и да ви дава опција „повеќе“.

Фотографиите ќе бидат многу поголеми. Можно е во горниот лев дел да има простор и за текст.
Ако сакате веднаш да го наместите новиот изглед, треба да отидете на facebook.com/about/newsfeed и да притиснете на „Join Waiting List”. Потоа, ви останува само да чекате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top