| четврток, 6 декември 2018 |

Одморот е најдобар лек против настинка

Најдобар лек против настинка и зголемена телесна температура е одморот, советува германското списание за здравство Натурарз.
Имајќи предвид дека земањето лекови за намалување на температурата може субјективно да ја подобри состојбата, пациентите често се чувствуваат подобро да станат од постела и да продолжат со секојдневните активности, а да не се одморат доволно. Високата температура е важна во борбата против инфекциите.

За телото да добие што повеќе витамини и секундарни производи од билките – заштитни хемикалии кои ги произведуваат билките, се препорачува конзумирање на многу овошје и зеленчук.

Две волшебни растенија за спречување на вирусите и бактериите и за јакнење на имунолошкиот систем се ренот и лукот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top