| четврток, 6 декември 2018 |

Номинирани Британците со најдобар стил за 2014

bfa3

Британскиот моден совет ги претстави номинациите за Британци со најдобар стил  за 2014 година.

 

BFA14-1BFA14-4BFA14-610 Десет мажи и 10 жени се натпреваруваат за наградата, која во минатите години им е врачена на пејачот Хари Стајлс од „Уан дајрекшн“ и на моделот Алекса Чунг.

BFA14-7BFA14-2BFA14-3Меѓу номинираните дами оваа година се сопругата на актерот Џорџ Клуни, Амал Аламудин – Клуни, моделите Кара Делевин и Кејт Мос, актерките Кира Најтли, Ема Вотсон и Хелен Мирен и  пејачката Рита Ора.

BFA14-10BFA14-8BFA14-9Меѓу господата за наградата ќе се борат актерот и режисер Ралф Фајнс, неговиот колега Идрис Елба и Дејвид Бекам.

Наградата ќе отиде кај оној кој најдобро го претставил духот на британската мода и е меѓународен амбасадор на Лондон како водечка престолнина на креативната мода. Британец и Британка со најдобар стил за 2014 година ќе бидат избрани со гласање на веб-сајтот на BritishFashionAwards.com. Секој што ќе гласа, учествува во наградна игра за два билета за церемонијата на доделување на наградите на 1 декември. Гласањето завршува на 5 ноември 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top