Иницијативата на Германката Клара Цеткин беше прифатена на Втората меѓународна конференција на жените социјалисти во Копенхаген во 1910 година кога беше решено 8 март да се слави како меѓународен ден на жената во спомен на демонстрациите на американските жени во 1903 година, одржани под паролата „Борба за општо право на глас“.
Случајно или не, на овој ден се случиле уште два големи протеста на кои жените го изразиле своето незадоволство од условите за работа и барале поголеми работнички права.
Во 1857 година вработените во текстилната индустрија во Њујорк првпат се организирале на јавни демонстрации, на кои го изразиле незадоволството од лошите услови за работа и ниските плати.
Во 1908 година, пак, во Њујорк повторно на улица излегле 15.000 жени, кои барале соодветен надоместок за својот труд, пократко работно време и право на глас.
Официјално, 8 март е прогласен за Меѓународен ден на жената од страна на Обединетите нации во 1975 година кога се одбележуваат достигнувањата и придонесите на жените во сите полиња во општеството.
Денес, 93 години потоа, припадничките на понежниот пол сè уште се борат за рамноправност на работното место, но и за спречување на насилството врз жените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…