Маж и жена загинале во судир на „форд фиеста“ и комби утрово, околу 10:30 часот, во близина на мостот кај село Колари, Кичевско, на магистралниот пат Гостивар – Кичево.
Загинатите, кои биле во „фиестата“ починале на местото на незгодата, возачот на комбито бил полесно повреден, а неговата сопруга, која седела на совозачкото седиште, била повредена со скршеници, по што е префрлена во Клиничкиот центар во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.