| четврток, 6 декември 2018 |

Високата цена која ја плаќа телото на сметка на модата

Чевли со високи потпетици до 15 сантиметри, големи чанти, тесни пантолони – денес речиси секоја жена пати поради модата. Жените мора да плаќаат висока цена кога се работи за модата, и тоа не парично туку со здравјето. Овие модни трендови оставаат трајни последици на вашето тело и ви го нарушуваат здравјето

Голема чанта е уште една од причините за болки во грбот

тасна

Големите чанти, во кои може да собере сѐ и сешто, од телефон, паричник, шминки, па дури и лаптоп, се многу практични, но се многу тешки, па поради тоа може да предизвикаат болка во вратот и во грбот. Секој пат кога ја носите тешката чанта, половината ви е искривена и доаѓа до болки во грбот. Наместо неа, може да земете чанта која може да ја ставите преку рамениците, така што нејзиниот ремен дијагонално ќе поминува низ телото. Така нема да мора да го искривувате горниот дел од телото за да одржувате рамнотежа.

Високи потпетици

visoki potpetici

 

Болката која ја чувствувате додека се движите во чевли со високи потпетици сигурно ви е позната. Освен болката во стапалата и во нозете, тие предизвикуваат и болки во вратот и во грбот. Кога сте во високите потпетици, стапалото е во неприродна положба, а исто така и целото тело.

Сите чевли со потпетици повисоки од 5 сантиметри ви го тераат стапалото напред, ставајќи ги ножните прсти во неприродна положба и несразмерно ја распоредуваат тежината на телото. Поради зголемениот притисок на ножните прсти, телото ви се наведнува нанапред, а вие автоматски се виткате наназад, искривувајќи ја половината неприродно. Во таа положба ви се напрегнуваат колената и колковите и долниот дел на грбот.

Не морате да ги исфрлите сите чевли со високи потпетици, само бидете умерени и немојте да ги посите често. За вашите стапала и за целото тело е идеална потпетица до 5 сантиметри.

Тесните пантолони

tesni farmerki

Тесните пантолони се многу популарни меѓу жените, а и кај некои мажи. Освен што ви е неудобно во нив, може да предизвикаат и оштетување на нервите. Нарушувањето се нарекува мералгија параестетика и се јавува кога нервите на надворешниот дел од бутините се под притисок. Тоа се манифестира со пецкање, вкочанетост и болка. А тесните пантолони во комбинација со чевлите со високи потпетици само го зголемуваат оштетувањето на нервите.

Ви препорачуваме, пред сѐ, да мислите на своето здравје и тело, а потоа на модата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top