| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници агенти на исламските земји тајно дејствуваат во БиХ

босна

Минатата година БиХ протера двајца ирански дипломати, но, како што наведуваат изворите, состојбата не е смирена. Според информациите на западните разузнувачки служби, во БиХ се наоѓаат 650 припадници на иранската, но и на разузнувачките служби на уште некои исламски земји, пишува „Јутарњи лист“.

Разузнувачките служби на БиХ располагаат со уште 330 имиња на странски разузнувачи, што значи дека моментално во таа земја активно дејствуваат околу 1000 припадници на безбедносни служби на исламските земји.

Целата приказна своите корени ги влече уште од времето пред војната во БиХ, кога иранските власти веднаш почнаа да воспоставуваат добри односи со Партијата за демократска акција, која тогаш ја водеше Алија Изетбеговиќ, а сега на чело е неговиот син Бакир, втор пат избран во Претседателството на БиХ.

Иран веднаш ги понуди сите свои услуги, вклучувајќи ги воените и разузнувачките, без оглед на тоа што се работи за шиитска држава, додека босанските муслимани се сунити. Но, Техеран тогаш сфати дека му се пружа единствена можност во срцето на Европа да воспостави јадра преку кои би можел да ги координира своите операции на овој простор. Во тој план се најде и Хрватска, па Иран многу брзо ја призна самостојноста на нашата држава и отвори амбасада во Пантовчак, со голем број дипломатски персонал. Освен тоа, во Хрватска тогаш беше воспоставена широка мрежа на хуманитарни организации кои нудеа помош на голем број бегалци, пред сѐ од БиХ. Но, брзо се покажа дека повеќето од тие организации се бавеле исклучиво со разузнувачка дејност.

Поради тоа Владата на тие организации им го укина одобрението за работа, но дел од нив остана активен и поврзан со операцијата за вооружување на Босанците во 1994 година од Иран, во која учествуваше и тогашниот американски амбасадор во Хрватска Гелбрејт, со премолчена поддршка на хрватските власти. Денес, треба да се каже, иранската амбасада во Загреб има размерен број на пријавени дипломатски претставници.

Под притисок на западните разузнувачки служби БиХ презема чекори за намалување на тоа влијание, лани дури беа протерани двајца ирански дипломати, но состојбата се уште не е смирена. Иранската тајна служба гради силни контакти и со вахабистичките-селафии во Горња Маоча, иако тие во регионот им се непријатели.

Откако заврши војната во БиХ, иранската тајна служба ја продолжи својата работа префрлувајќи се на културен и религиски план – најважни пунктови на Иранската револуционерна гарда во БиХ се научно-истражувачкиот Институт Ибн Сина и Персиско-босанскиот колеџ кој е отворен во 1999 година во Илијаш, додека припадниците на разузнувачката група Вевак делуваат преку дипломатски канали. Целта беше јасна: максимално да се зајакне босанскиот елемент во БиХ па преку него да се обезбеди своето влијание. Во таа смисла посебно важна беше лининјата кон Виена, за која повеќекратно беше истакнато дека стана клучна точка на делување на исламските радикални опции во овој дел од Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top