| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски државјани фатени со хероин во Сараево

Македонските државјани Шабан Х. и Индриз Ш. од Гостивар се уапсени со повеќе од еден килограм хероин на меѓународната автобуска станица на ул. „Пут живота“ во општина Ново Сараево.

– Припадниците на Одделението за борба против злоупотребата на опојни дроги при МВР на кантонот Сараево ја открија дрогата кај Шабан Х. со кого во друштво бил и Идриз Ш.

– Вредноста на дрогата на пазарот е од 30 до 50 илјади конвертибилни марки, во зависност од тоа со која супстанца се меша – изјавил Ирфан Нефиќ, портпарол на сараевската полиција. Шабан Х. го завиткал хероинот со помош на појас околу телото. За одредена сума пари негова задача била само да ја пренесе дрогата до Сараево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top