| четврток, 6 декември 2018 |

Советски мотор виновен за експлозијата на американската ракета

Eksplodira-vselenska-raketa-na-NASAАмериканската ракета која експлодираше непосредно по лансирањето се движела со два мотора произведени уште во времето на Советскиот Сојуз кои подоцна се обновени, откриваат експертите од таа област. Моторите АЈ-26 од украинско производство се произведувале уште во шеесетите и седумдесеттите години од минатиот век, а приватната компанија „Аероџет рокетдајн“ од Сакраменто поседувала резерва од овие мотори и ги обновила за приватната корпорација „Орбитал Сајнезис“, пренесува „Франс прес“.

Корпорацијата завчера лансираше ракета од комерцијалниот лансирен центар во Вирџинија „Антарес 130“ која само неколку секунди подоцна експлодираше и ги уништи резервите од опрема што требаше да бидат испорачани на Меѓународната вселенска станица.

Во експлозијата нема повредени, но сведоците велат дека се треселе зградите во пречник од неколку километри.

Истовремено, Руската вселенска агенција вчера лансираше сопствена ракета за доставување резерви на Меѓународната вселенска станица. Ракетата, која, меѓу другото, носела три тони храна за астронаутите, успешно стигнала до целта шест часа по полетувањето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top