
Според новата студија на веб-сајтот Fortune.com, жените на работа почесто критикуваат од мажите, и тоа почесто поради лични особини отколку поради начинот на работа. Откриено е дека и машките и женските шефови се посклони кон тоа на мажите да им даваат совети како да се поправат, а на жените поретко им даваат конструктивни совети.
Дури 71 отсто од жените добиле негативен коментар од работодавачот, во споредба со само 2 отсто од мажите. 81 отсто од мажите добиле позитивен коментар на работа, а само 23 отсто од жените може да се пофалат со тоа.
Иако е невозможно да зацврснете преку ноќ, можете да најдете начин да ја прифатите критиката, наместо да ја впиете и да се опседнете со неа. Се советува следново:
1) Размислете за тоа како жената на која ѝ се воодушевувате би се изборила со критиката што ѝ е упатена и искористете го тоа за да ја вежбате својата реакција.
2) Читајте ги коментарите за делата на своите омилени писатели и ќе видите дека сите добиваат критики.
3) Размислувајте за коментарите, позитивни и негативни, како за информации што можете да ги искористите како своја предност – а не како лична замерка. Каков е вашиот шеф или клиент? Што не сака? Ако се фокусирате на нив, а не на себе, и сфатите што сакаат, идниот пат ќе бидете подобри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


