Научниците открија зошто пивото има толку добар мирис и вкус. Квасецот во пивото успева да имитира мирис на овошје, за да привлече мушички и така да си обезбеди пренесување до друго тло погодно за размножување.
Токму хемикалиите кои предизвикуваат такви мириси се клучни за вкусот на пивото и виното. Истражувачот, Кевин Верстрепен рече дека две навидум неповрзани видови – квасец и мушички – имаат развиено интересна симбиоза врз основа на мирисот.
– Мушичките се хранат со квацес, а тој има корист од нивното движење, рече тој.
Од соја квасецот зависи и разликата во вкусот на различните пива и вина. Овие микроорганизми го јадат шеќерот во пијалакот и го претвораат во јаглен диоксид и алкохол. Ослободениот гас во лебот предизвикува растење на тестото, додека алкохолот
испарува во текот на печењето.
Меѓутоа, во пивото и пенливите вина и алкохолот и јаглен диоксидот се задржуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


