| четврток, 6 декември 2018 |

Алисон Пино го напушти ЖРК Вардар

Левиот бек на ЖРК Вардар, Французинката Алисон Пино која поради повреда го пропушти стартот на сезоната, го раскина договорот со актуелниот првак на Македонија.

– Француската ракометарка Алисон Пино повеќе не е член на екипата на Вардар. Двете страни се договорија за предвремено раскинување на договорот кој имаше важност до 2016 година. Пино игра на позицијата лев бек, а сезонава не одигра ниту еден натпревар во Лигата на шампионите бидејќи пред почетокот на сезоната замина операција на коленото. Управата на Вардар и благодари на Пино за залагањето додека беше член на Вадар, и посакува побрзо заздравување од операцијата на коленото и успех во натамошната кариера – објави ЖРК Вардар преку својата официјална веб-страница.

Во следниот период ќе биде јасно дали Индира Кастратовиќ ќе доведе нова ракометарка на местото на Пино за дополнително засилување на бековската линија, или „вардарки“ ќе продолжат да настапуваат со истиот „ростер“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top