Европската унија (ЕУ) ги укина санкциите против поранешниот претседател на Југославија и на Србија, покојниот Слободен Милошевиќ и со него поврзаните лица.
– Санкциите на ЕУ против Милошевиќ и со него поврзаните лица се укинати, веќе не се актуелни во светло на сегашните односи меѓу ЕУ и Србија – изјави неименуван диполоматски извор.
ЕУ во крај на септември информира дека е во тек преиспитување на замрзнување на имотот на поранешниот режим, предводен од Милошевиќ.
Брисел го замрзна тимот на Милошевиќ, неговото семејство и блиски соработници во 2000 година.
Милошевиќ почина во Хаг во 2006 година за време на судењето на геноцид и воени злосторства на просторите на поранешните простори на Босна и Херцеговина, Хрватска и Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.