На прашањето која висина на мажи најмногу ги привлекува, поголемиот број од жените одговориле дека партнерот барем пет до десет сантиметри треба да биде повисок од нив. Меѓутоа, можеби тоа мислење ќе се смени по објавувањето на резултатите на едно долгогодишно истражување.
Истражувањето што повеќе од 50 години набљудуваше повеќе од 5.000 двојки дојде до многу интересни податоци како висината на мажите е поврзана со нивниот однос кон жените.
Резултатите јасно покажуваат дека припадниците на посилниот пол со висина од 170 сантиметри и помалку се многу подобри партнери.
Според добиените податоци, пониските мажи, во просек, и до 20 проценти повеќе помагаат во извршувањето на домашните работи од високите, односно од тие што имаат повеќе од 188 сантиметри.
Покрај тоа што се вредни, ниските мажи, во просек, имаат и поголеми финансиски примања и што е, можеби, најважно, се верни, нежни и внимателни кон својот партнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст