| четврток, 6 декември 2018 |

Авиони без прозорци

0000243501-article2

Компанија од Велика Британија претстави нацрт-авион без прозорци. Ако проектот помине и сè биде според планот, се очекува авионот да го направи својот прв лет по околу 10 години.

Прозорците ќе бидат заменети со ултратенки дисплеи чувствителни на допир, на кои ќе се проектираат слики од случувањата надвор, објавија од центарот за иновациии , кои ја презентирале внатрешноста на авионот. Сепак, сигурно е  дека ќе биде потребно време за да се навикне со сликата наоколу.

Научниците објаснуваат дека 80 проценти од тежината на авионот се должи на горивото и на самиот авион, па замена на прозорците со ултратенки екрани би можело да заштеди од трошоците на компаниите.

– Ако може да се спаси тежина, се штеди и гориво, објаснуваат од центарот за иновации. А помалку гориво значи и помалку испуштање на јаглероден диоксид во атмосферата.

Погледнете како би изгледал летот во таков авион:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top