| четврток, 6 декември 2018 |

Историска победа на Кимико Дате

Јапонската тенисерка Кимико Дате ги засени тениските асови на ОП на Австралија со историската победа во Мелбурн над Надја Петрова, во вториот ден од првото коло на гран-слемот.

Со 6-2, 6-0 Дате ја елиминира руската тенисерка и стана најстарата победничка на меч одигран на ОП на Австралија. Дате има 42 години и 109 дена, а интересно е што еднаш веќе замина во тениска пензија, за потоа да се врати на турнирите. Со триумфот над Петрова, Јапонката влезе во топ-5 највозрасни тенисерки што добиле меч на кој  било од четирите гран-слем турнири. Врвот и припаѓа на легендарната Мартина Навратилова, која забележа победа на Вимблдон во 2004 година, на возраст од 47 години и 235 дена.

Импресивен настап имаше и Серена Вилијамс, најтрофејната на ОП на Австралија од активните учеснички со 5 титули. Американката за неполн час ја декласира Едина Галовиц Хол со 6-0, 6-0. Во два сета славеше и бранителката на трофејот Викторија Азаренка над Никулеску, а во двете најинтересни пресметки во женска конкуренција Вознијацки ја елиминира Лисицки, додека Квитова беше подобра од Скјавоне.

Кај мажите Роже Федерер и Енди Мареј ја оправдаа фаворитската улога и без загубен сет го минаа првото коло.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top