| четврток, 6 декември 2018 |

Турција инкасира 200 милиони долари годишно од серии

turciq-e-vtora-v-sveta-po-iznos-na-seriali-264536

Турција е на второ место во светот по САД, по извоз на телевизиски серии. Таа извезува годишно во повеќе од 100 земји, серии во вредност од над 200 милиони долари. За споредба во 2004 година вкупниот извоз бил во вредност од 10 000 долари. Целта на Турција е до 2023 година, кога се навршуваат сто години од основањето на републиката, извозот на производи од културата да достигне 2 милијарди долари. Популарноста на турските серии се зголеми значително во текот на последните десет години, особено во блискоисточните и јужноевропски земји, што доведе до бум во телевизиската индустрија на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top