| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава остров на Наполеон за 9,5 милиони евра

eea94c16caaf6eed013a105b7dcb96bc

Приватен остров, кој се наоѓа во венецијанската лагуна, кој бил во сопственост на Наполеон од 1797 до 1815 година, се продава за 9,5 милиони eвра.

На земјиштето се наоѓа тврдина од времето на императорот, реконструирана во станбена зграда. Таа се простира на површина од 170 квадратни метри и многу од нејзините оргинални детали се зачувани  во последните 200 години. Корисниците имаат на располагање три бањи, луксузно опремена кујна, огромен салон и веранда со поглед кон морето. Во цветниот двор се наредени дрвени маси и клупи и има бунар со свежа вода.

Островот е ослободен од австриска власт во 1859 година. Премиерот на владата на Прусија, Ото фон Бизмарк, во сојуз со Италија успева да ја освои венецијанската лагуна во 1866 година. Островот е на листата на светското наследство на УНЕСКО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top