| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана: Елена, ич да не ти чуе што згреши

Македонската претставничка во музичкото шоу „ТЛЗП“, Елена Ристеска во третата епизода ја имитираше хрватската пејачка Нина Бадриќ, но во еден момент згреши, по што предизвика различни коментари.

Некои ја осудија и исмеаја, но колешката Тијана Дапчевиќ одлучи да ѝ посвети една позитивна објава на „Твитер“.

„Браво, Ленке, браво! Ич да не ти чуе што згреши, никој тоа не го забележа, само јас и ти“, стои во коментарот на Тијана.

Елена Ристеска во следната епизода од „ТЛЗП“ ќе биде во улога на Кристина Агилера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top