| четврток, 6 декември 2018 |

Иван Богданов побегна во Косово

Навивачот на Црвена звезда Иван Богданов, кој е познат по многубројни инциденти, побегна на Косови бидејќи доколку му се суди поради тоа што влета на теренот на натпреварот меѓу Србија и Албанија, би можел да биде осуден на 12 години затвор.

– Камерите го забележаа моментот кога група хулигани, предводени од Иван Богданов, влета на терен. Интересно е тоа што, за разлика од другите навивачи, тој не носел маска. Полицијата повела постапка за инцидентот, но Богданов не е сослушан бидејќи, најверојатно, побегнал од земјата – вели извор за српски „Курир“.

Како што вели изворот, Богданов избегал во Косово кај негови пријатели, кои имаат добри врски во Косово.

Навивачот на Црвена звезда се прослави уште во 2010 година, кога беше главен актер на немирите на натпреварот меѓу Италија и Србија. Беше осуден на три години и три месеци затвор, но следната година казната му беше сменета со протерување и забрана за влез во земји од ЕУ во наредните пет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top