Модната куќа „Шанел“ ништо не прави половно. Секоја модна ревија е вистински уметнички перформанс, модната писта секогаш е поинаква и никогаш не знаеме што да очекувме од нивната ревија. Пристапот на Карл Лагерфелд е толку посебен, што секој проект на оваа модна куќа се очекува со нетрпение.
Минатата година тоа беше „поп-ап“ салон за убавина во лондонскиот Ковент Гарден, а оваа година на истото место „Шанел“ отвори штанд со цвеќе. За жал, штандот ќе биде оставен од утре, осми март и во следните два дена. Цвеќето во понудата ги симболизира некои од мирисните ноти на парфемите на „Шанел“, а оние среќници кои ќе купат паефем, ќе добијат и букет со персонална порака од „Шанел“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.