Исламска држава објави нова видео-снимка со британскиот новинар Џон Кантли, а се тврди дека сниката е направена во сирискиот град Кобане. Кантли, кој повеќе од две години е во заробеништво, тврди дека просторот зад него е територијата на Турција. Видео-снимката со траење од пет минути и 30 секунди почнува со кадри од разурнат град, снимени од горе со дрон.
Кантли изјавува силите на ИД навлегле длабоко во Кобане, каде се борат со курдските милиции и оти го контролираат источниот и јужниот дел на градот.
Видео-снимката е објавена два дена по првата снимка на Кантли во која тврди дека заробениците биле подложени на мачење бидејќи се обиделе да избегаат.
И во последната видео-снимка британскиот новинар тврди дека американското оружје наменето за курдските сили е во рацете на ИД.
– Битката за Кобане е при крај. Муџахедините сега го чистат градот, истакнува Кантли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)