Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска порача дека иднината на Западен Балкан нема веќе да ја одредува политиката, туку економијата.
– Мислам дека политиката веќе не е толку важна, економијата е таа која ќе ја дефинира иднината на Западен Балкан, рече Вучиќ на почетокот на предавањето на Лондонската школа за економија (ЛСЕ).
Србија е посветена на патот кон ЕУ, нема никого да го молиме да не прифати. Ние мораме да ги спроведеме реформите и тоа да го заслужиме, рече Вичиќ.
Српскиот премиер наведе дека неговата земја има добри односи со Русија, Обединетите Арапски Емирати, Кина, но истакна дека најважна работа е „модернизацијата и продолжувањето на реформите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


