Американските војници, кои ќе се вратат од мисијата за борба против ебола во земјите во Западна Африка, ќе бидат ставени во тринеделна изолација во американската база во Виченца во Италија како превентивна мерка, изјави портпаролот на Пентагон, полковник Стив Ворен.
Првиот контингент од 12-мина војници, вклучувајќи го и поранешниот шеф на американската мисија во Либерија, генерал Дарил Вилијамс, веќе се наоѓаат во карантин во Виченца.
Ворен потенцира дека тие немаат никакви симптоми на смртоносниот вирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.