| четврток, 6 декември 2018 |

Европска изложба за сите раси кучиња (фото)

Изминатиот викенд кинолошка треска ја зафати цела Европа, па и целиот свет. Причината за тоа беше одржувањето на европската изложба за сите раси кучиња која се одржа во градот Брно, Република Чешка.

Оваа кинолошка манифестација речиси е најголемата по значење во Европа за сите професионални одгледувачи и кинолози.

3

Ангажманот на сите најдобри и најпознати кинолошки судии од речиси сите земји од ЕУ е голем предизвик за сите одгледувачи да бидат присутни на оваа манифестација, говори податокот дека веќе неколку месеци наназад речиси и да нема хотелско сместување во Брно, сите хотели беа однапред букирани од одгледувачи кој настапија на ова големо натпреварување и европски празник за сите љубители на Кинологијата од цела Европа.

6 (1) 4

Програмата се одвиваше во три дена со голем хепенинг и официјално отворање на изложбата како и со дефиле во неделата навечер кога и се затвори манифестациајта и се прогласија најдобрите и победниците по раси и групи. Бројката на пријавени кучиња од сите видови на раси изнесуваше замислете 1.300 примероци на своите раси, вистински празник за очи на сите љубители.

5

И нашата кинологија зазема дел од ова најголемо кинолошко случување, нашиот Кинолошки Сојуз достојно се престави во Брно со отворање на штанд за информации и запознавање на сите учесници и присутни посетители и медиуми во Брно, на штандот се запознаваа за активностите за нашиот сојуз, за календарските кинолошки манифестации во Македонија како се афирмираше нашата Кинологија и се делеа покани за учество на нашите кинолошки манифестации.

1 (2)

– На Европската изложба во Брно имавме свој штанд каде преку него инфирмиравме и ги запознававме медиумите и одгледувачите од цела Европа за нашите Кинолошки активности и изложби за следната календарска година,направивме многу контакти и сметам дека достојно се преставивме и дека од сето тоа нашата Кинологија и нашите изложби ќе ги збогатиме со повеќе учесници од повеќе земји. Денеска сме на генералното собрание на Светската Кинолошка организација од каде ќе добиеме понатамошни инстукции и активности за наредната година – изјави генералниот секретар Слободан Настевски во изјава за „Купимиленик.мк“.

11

За жал многу малку наши одгледувачници земаа учество на Европската изложба, се надеваме дека во периодов кој престои и во наредните вакви манифестации кој идат повеќе наши одгледувачи ќе бидат присутни со своите примероци па зашто и не некој голем успех со оглед на тоа дека се почесто сведоци сме на поединечни успеси низ многу земји на многу наши одгледувачници.

Навистина импресии од Брно ќе има многу, низ социјалните мрежи се споделуваат форографии и клипови од целото случување, еуфоријата ќе трае долго , ќе се дебатира , некој ќе се гордее со својот успех а некој ќе има мотив за повеќе работа и за следни настапи , таква е Кинологијата која покрај тоа што е еден вид на спорт и е и културна манифестација но и голем бизнис.

12 (1)

Ние сме далеку од ддржување на ваков тип на изложби и да се биде домакин на вакво случување треба уште многу макотрпна работа на нашиот Сојуз и многу лобирања во Светската Кинолошка Манифестација FCI .

Сепак Кинологијата кај нас е во нагорна линија и да навиваме и да допринесеме и нашата Држава еден ден да биде домакин на вакво случување

Екслузивно за „Република.мк“ од Брно пишува – Стефан Кирков

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top