| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе го телото на зимското сметање на времето

Иако поместувањето на часовникот на есен телото полесно го поднесува, можна е несоница, депресија и засилена чувствителност на временските услови.

Зимското сметање на времето за телото е помал шок од летното
Ноќта од саботата кон неделата добивме час повеќе сон, бидејќи почна зимското сметање на времето. Иако биоритмот полесно се прилагодува на поместувањето на стрелките на часовникот час наназад отколку нанапред, несоницата и натаму е најчеста нуспојава. Во тие промени најчесто спаѓаат ноќните птици кои имаат дополнителен час за своите ноќни активности, потврдија истражувањата.

Можни се мигрени, но и засилена чувствителност на временските услови
Поместувањето на часовникот влијае на внатрешниот часовник, и може да ја наруши хормонската слика што пак предизвикува низа тегоби како што се болни мигрени, нервоза и депресија. Поради враќањето на часот наназад луѓето губат енергија и повеќе ги чувствуваат временските прилики.

Кафето, алкохолот и тешката храна треба да се избегнуваат
Наспроти тоа што телото зимското сметање на времето полесно го поднесува, треба да го подготвиме на поместување на часовникот. Се препорачува избегнување на тешки оброци во вечерните часови, како и алкохол бидејќи го нарушуваат ритамот на спиење. Тие неповолно влијаат на рамнотежата на хормоните поради тоа што потешко паѓаме во сон и се будиме.

Со редовно вежбање телото побрзо се приспособува на промени
Редовното вежбање го забрзува прилагодувањето на ново сметање на времето. За време на вежбањето се ослободува серотонин или хормон на среќата кои му помагаат на организмот што побезболно да се пролагоди на новите промени.

Попладневната дремка го забавува приспособувањето
Освен редовното вежбање и избегнување тешки оброци, важно е да се воспостави рутина на спиење и да се држи секој ден. Треба да се избегнува попладневна дремка бидејќи телото ќе мисли дека времето не се променило па навикнувањето ќе тече потешко и побавно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top