Саботното издание на Модниот викенд Скопје го одбележи успешната ревија на дизајнерката Олгица Ѓоргиева, која ја претстави колекцијата пролет/лето 2015 „Комплетирај ја својата сложувалка“ (Complete your puzzle), поддржана од светскиот бренд за накит „Оксет“. Колекцијата, која креаторката ја создаваше за време на Модната недела во Париз, е поделена во два дела, секојдневни парчиња кои лесно наоѓаат примена во дневните комбинации и поелегантни парчиња наменети за посебни пригоди.
– Oваа колекција со себе носи секојдневни и елеганти парчиња кои лесно може да ги комбинира секоја дама за различни пригоди. Во колекцијата доминираат жолтата, сината, црната и белата боја, а во поглед на материјалите одлучив да работам со памук, свила, вискоза и со тексас – изјави Ѓоргиева.
Колекцијата е наменета за девојки-жени со смисла за естетика, елеганција и модерна нота. Секое парче зрачи со елеганција, минимализам, женственост.
Ѓоргиева својата колекција ја опишува со неколку збора: безвременска, инспиративна, нежна и истовремено силна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.