По се изгледа дека Ким Кардашијан одлучила да го копира начинот на кој се однесува Бијонсе кон неа, и да го примени на други, помалку познати девојки. Во случајов кон партнерката на Крис Браун – моделот Каручи Тран. Пејачот и убавицата биле меѓу гостите на забавата по повод 34 -тиот роденден на Ким Кардашијан и според блиски на Каручи таа била многу возбудена заради средбата со Ким, бидејќи многу и се восхитувала.
Присутни на забавата пред американските медиуми раскажале дека девојката на Крис Браун добила категорично одбивање на барањето да се слика со Ким, по што тешко дека повеќе ќе и се воодушевува како до тој момент.
– Ким директно ја отсече, категорично изјавувајќи дека нема да се слика со Каручи, објаснил гостин на забавата.
Знаејќи дека сепак тоа е многу важно за неговата девојка, Крис Браун се обратил со директна молба за помош кон Кање Вест. Пејачот се согласил да зборува со својата сопруга и да направат неколку фотографии. На крајот Ким попуштила, но јасно покажала дека не е особено среќна поради тоа. Се однесувала лошо со девојката и дури во еден момент додека Каручи и зборувала таа се свртела и си заминала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.