Турција е на второ место во светот, по САД, по извозот на телевизиски серии, соопшти турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.
Турција годишно извезува серијали во повеќе од 100 земји и за нив заработува над 200 милиони долари. За споредба, во 2004 година вкупниот извоз од сериите изнесувал скромни 10.000 долари.
„Сулејман величествениот“, една од најпопуларните турски серии како во Турција, така и во странство, била емитувана во 43 земји и гледана од над 200 милиони лица.
Турција има цел до 2023 година, кога ќе се прославува 100-годишнината од основавањето на републиката, извозот од културните производи да достигне два милијарди долари, изјави Мехмет Бјукекши, претседател на Унијата на турските извозници.
Популарноста на турските серии во последните 10 години значително се зголеми, а тоа особено важи за блискоисточните и јужноевропските земји, што доведе до бум во телевизиската индустрија во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.