| четврток, 6 декември 2018 |

Лејди Гага секојдневно зема антидепресиви

Лејди Гага

Лејди Гага

Лејди Гага на концерт во Лондон пред своите обожаватели признала дека продолжува секојдневно да зема лекови против депресија.

Пејачката пред извесно време зборуваше за битката со депресијата признавајќи  дека најмногу страда кога е на турнеја и особено лошо се чувствувала кон крајот на 2013 година за време на концертот во арената „О2“ во британската престолнина. Гага открила дека продолжува да зема секој ден апчиња за борба против депресијата откако на сцената прочитала писмо од обожавател кој се обидел да се самоубие.

– Секој ден земам лекови против депресија, се обвинував за тоа. Си мислев зошто не можам да се чувстувам среќна. Но, потоа сфатив дека сум родена таква и за некои луѓе е потешко да ја видат светлината. Депресијата треба да се сфати многу сериозно – рекла Гага.

Таа му посветила верзија од песната „Born This Way“ на депресивниот обожавател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top