| четврток, 6 декември 2018 |

Рајко Дујмиќ, основачот на „Нови фосили“ заврши на психијатрија

Рајко Дујмиќ синоќа не настапи со групата „Нови фосили“ на концертот во Белград. Авторот на многуте култни песни и основач на групата е во лоша здравствена состојба и останал да се лекува на клиниката за психикатриски болести „Врапче“ во Загреб.

Тој нема да учествува на оваа последна турнеја на групата. Според медиумите, членовите на групата барале писмено да се изјасни дека ќе остане чист во текот на турнејата, но тој не можел да го исполни тој дел од догоорот. Дујмиќ долго време се бори со болестите на зависност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top